Пирло: Ибрахимовиќ и Конте се ѕверови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Викендов на програмата е миланското дерби помеѓу Интер и Милан, па свое видување даде и легендата на италијанскиот фудбал Андреа Пирло.

Пирло смета дека во вакви дерби натпревари нема фаворит иако „нероаѕурите“ се во подобра форма, но нема дилема дека клучна улога ќе имаат Ибрахимовиќ и Конте.

„Помеѓу двата тима има 19 бода разлика, но тоа не значи ништо. Познато е дека во ова дерби никогаш нема фаворит. Двата тима одлично знаат дека овој меч може да биде пресфртница во сезоната, покрај бодовите влијае и на самодовербата“, смета Пирло.

„Ибра е клучен фудбалер кај Милан бидејќи ја зголемива концентрацијата на целиот тим. Покрај него едноставно мора да тренираш максимално, тој е исклучителен професионалец. Знае да вика и да урла на тренинзите, но има големо внимание. Се уште може да прави разлика на теренот“.

„Што се однесува до Интер, таму клучна улога има Конте, тој кога ќе загуби се претвора во ѕвер, исто како Ибра. Конте е најдобриот тренер со кого сум работел, резултатите на Интер оваа сезона се негово дело“, заклучи Пирло.