Продолжува штрајкот на машиновозачите – возовите четврт ден „под рачна“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија четири дена е без железнички сообраќај, откако минатиот вторник машиновозачите ги ставија возовите „под рачна“ и го почнаа нивниот штрајк со кој бараа покачување на примањата.

Штрајкувачите бараат зголемување на надоместот за квалитет на работа од 30 на 40 проценти. Тие не остапуваат од своите барања, а надлежните изјавуваат дека се подготвени да преговараат но и нагласуваат дека немаат причина за штрајк.

Така, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека нема да дозволи државата, граѓаните и другите вработени во МЖ Транспорт да бидат заложници на машиновозачите и нивниот незаконски шрајк.

– Машиновозачите да се вразумат и да почнат да работат, бидејќи немаат причина за штрајк. Досега им се исплатени сите плати и заостанатата од претходната власт укинати се антикризните мерки. Се што било побарано се е удоволено. Не е ова пазар каде што ние можеме да се пазариме за коефициентите. Штрајкот е неоснаван и незаконски – рече Сугарески додавајќи дека веќе е создадена загуба од 9 милиони денари и дека соедните држави размислуваат да го пренасочат сообраќајот преку Бугарија.

Тој додаде дека е подготвен да преговара за сите проблеми и барања, но тоа да не биде со уцена.

– Секогаш сум отворен за средба, но тоа да оди на разумно ниво. Ние може да преговараме, а работата да оди, не под уцени – рече тој.