Home Актуелно Ни 3 милиони евра не беа доволни: Апелација одби да му го врати пасошот на Камчев

Ни 3 милиони евра не беа доволни: Апелација одби да му го врати пасошот на Камчев

Скопска Апелација ја одби понудата од гаранција во недвижен имот во вредност од 3 милиони евра за враќање на патната исправа на Орце Камчев.

Од Апелеција информираат дека жалбата на Камчев и уште еден осомничен во случајот Империја е одбиена како неоснована и потврдени се одлуките на кривичниот суд.

Камчев заедно со бизнисменот Цветан Панделевски, екс директорот на УБК Мијалков и други се осомничени во истрагата Империја, која беше првично ја водеше СЈО , а сега ја води обвинителството за роганизиран криминал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…