Home Спорт Барселона го победи Челзи и доведе млад супер талентиран фудбалер

Барселона го победи Челзи и доведе млад супер талентиран фудбалер

Барселона постигна договор со Лас Палмас за потписот на младиот Педри.

Каталонскиот клуб за 16 годишниот вундеркинд ќе плати пет милиони евра, а тој веднаш ќе се врати на позајмица во Лас Палмас.

Педри веќе одигра три натпревати во Секунда за Лас Палмас оваа сезона и запиша една асистенција. Двата клуба се договорија дека најдобро за младиот фудбалер е да остане во Лас Палмас.

„Има нешто посебно и го чека преспективна иднина. Помина многу време од кога сум видел играч како него“, изјави фудбалерот на Лас Палмас, Џонатан Виера.

За услугите на Педри интерес покажуваше и Челзи, меѓутоа каталонскиот тим победи во оваа трка.

Извор: Спортски.мк

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…