Барселона денес го слави 119-от роденден! (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес фудбалскиот клуб Барселона празнува точно 119 години од своето одновање на 29-ти ноември 1899 година.

Од тогаш каталонскиот клуб прераснува во еден од најголемите и најуспешни клубови како во Шпанија, така и на меѓународна сцена.

Барселона има освоено 25 титули во Шпанија, рекордни 30 во Купот на кралот, 13 Суперкупови на Шпанија, 5 титули во Лигата на шампиони, 4 трофеи во КПК, 5 Суперкупа на Европа и 3 триунфи на Светското клупско првенство.

„Сино-црвениот“ дрес во историјата го носеа многу фудбалски легенди како Јохан Кроф, Марадона, Роналдо, Ривалдо, Роналдињо, Чави, Пујол, Иниеста… до Лео Меси.

Инаку Барселона е клуб со најмогу „Златни топки“ во историјата на фудбалот, дури 11.