Барса со последна понуда за Нејмар, ПСЖ спремен да каже ДА


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Трансферот на Нејмар во ПСЖ и понатаму е главна тема, а денес каталонските медиуми објавија дека Барселона ја испратила последната понуда до ПСЖ.

Вчера на „Камп Ноу“ се одржа состанок меѓу директорите на Барселона, на кој била формулирана последната понуда која ќе биде испратена во Париз.

Имено, Барса сака да го добие Нејмар на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето за 160 милиони евра. Притоа, Каталонците ќе се обврзат да му ја дадат целата плата која Нејмар ја заработува во ПСЖ.

Од друга страна еминентниот „Екип“ објавува дека ПСЖ е спремен да го пушти Нејмар на позајмица, но бара Барселона да се обврзи на откуп следното лето.

Ваквата формула и одговара на Барселона, бидејќи потроши многу пари на засилувања ова лето, па ќе ги избегне проблемите со финансискиот фер-плеј.