Никола Поповски назначен за в.д. извршен директор во Македонска банка за поддршка и развој


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Никола Поповски, бивш министер за финансии и професор по економија, е назначен за вршител на должноста извршен директор во Македонската банка за поддршка и развој (Развојна банка), соопштија од банката преку Македонска берза.

Поповски доаѓа како замена на досегашниот извршен директор на Развојната банка, Кирил Колемишевски, кој функцијата ја извршуваше во претходните 3 месеци, почнувајќи од 15-ти мај.

Покрај Никола Поповски, член во Управниот одбор на Македонската банка за поддршка на развојот е и Вељанд Рамадани, кој воедно е и в.д. главен оперативен директор.