Барса ја подигна понудата, дали ќе биде доволно за замената на Нејмар?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона почна да се опоравува од првичниот шок и заминувањето на Нејмар во ПСЖ, а сумата од 222 милиони.

Постојат само три опции кои ќе ги задоволат апетитите на каталонскиот гигант, а прва од нив е ѕвездата на Ливерпул, Филипе Кутињо.

Клоп им порача на Каталонците да не трошат енергија и дека „црвените“ немаат намера да го продаваат Кутињо. Барселона испрати првична понуда која експресно беше обиена, а Ливерпул не сака во трансферот да бидат вклучени други фудбалери.

Ливерпул побара 140 милиони евра, сметајќи дека Барселона ќе одбие да ја плати таа сума, но „Мундо Депортиво“ пренесува дека каталонскиот гигант е спремен да ја плати таа сума.

Кутињо не крие дека сака да се пресели на „Камп Ноу“ и да го облече дресот на Барселона, а доколку овој трансфер пропадне Барселона ќе се сврти кон Пауло Дибала од Јувентус и Килијан Мбапе од Монако.

Едно е јасно, до крајот на преодниот рок ќе добиеме уште еден трансфер кој ќе влезе во историјата.