Баклава со Нутела – совршен десерт


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баклава со Нутела е совршен десерт со кој секогаш пријатно ќе ги изненадите своите гости во секоја прилика и за секаква пригода.

Крцкава, полна со Нутела крем и со сецкани парчиња лешници, оваа баклава ќе ги задоволи и најпрефинетите вкусови за добар десерт, а она што е најважно – лесна е за подготвување.

Потребни состојки

500 грама кори за баклава
500 грама Нутела
200 грама печени лешници
200 грама стопен путер
малку масло

За прелив

Една и пол чаша шеќер
2 чаши вода
1 лажица лимонов сок

Начин на подготовка

Лешниците испечете ги и исецкајте ги. Путерот истопете го и промешајте го со маслото. Тепсијата во која ќе ја печете баклавата премачкајте ја со путерот. Ставете кора и премачкајте ја со путер.

Оваа постапка повторете ја пет пати. Потоа, петтата кора премачкајте ја со Нутела. Посипете ја со сецкани печени лешници. Врз неа ставете друга кора, премачкајте ја со путер. И така повторно пет пати. Потоа, следната кора премачкајте ја со Нутела и посипете лешници. Потоа, повторно наредете кора.

Со остар нож исецкајте ја баклавата и ставете ја да се печи. Во меѓувреме, подгответе шербет. Испечената баклава полијте ја со шербетот и оставете ја да го впие.