Home Спорт Баерн трепери – Роналдо е „убиец“ на Германци

Баерн трепери – Роналдо е „убиец“ на Германци

Утре започнуваат полуфиналните дуели во Лигата на шампиони, а во центарот на вниманието е дуелот помеѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Особено во фокусот е Кристиано Роналдо поради својата неверојатна статистика против германските клубови.

Имено, Роналдо има постигнато 26 гола на 22 натпревари против германски тимови, односно 1,8 по натпревар.

Омилената „жртва“ на Португалецот е секако Баерн Минхен, на кои им дал дури 9 гола на шест меѓусебни натпревари.

Покрај Баерн, погодуваше уште и против Борусија Дортмунд и Шалке по седум пати, а на Волфсбург му има дадено 3 гола.

Првиот меч помеѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид на програмата е во среда во 20:45 часот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…