Азискиот Ел Чапо: Во Азија го бараат „под дрво и камен“, тој троши милиони во казино


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Це Чи Лоп е канадски државјанин кој како приватно обезбедување крај себе ги има најсилните тајландски кик боксери . Лета со приватни млазни авиони, а нема никаков проблем во само една вечер во коцкарниците во Макао да изгуби и по 66 милиони долари.

Це Чи Лоп е роден во Кина , а по него трага полицијата под сомнение дека води мултинационална нарко група за трговија со дрога , составена дури од пет азиски мафијашки тријади. Членовите на картелот едноставно го нарекуваат – Компанија.

Овој нарко картел, верува полицијата, продава тони метамфетамин, хероин и кетамин во најмалку десетина земји, од Јапонија во северна Азија до Нов Зеланд во јужниот Пацифик. Кристалниот мет, високо-зависна дрога со уништувачки физички и ментални ефекти врз долгорочните корисници, е нивната главна ставка. Според грубите проценки на ООН, приходите на оваа група во 2018 година секако ја надминале цифрата од 8 милијарди долари, но нивната вкупна заработка би можела да достигне повеќе од 17 милијарди. Агенцијата за лекови на ООН открива дека „фирмата“ што шверцува свои производи најчесто во камуфлажа во пакувања чај има 40 до 70 проценти удел во трговијата на големо на азискиот континент.

Со седиште во Австралиската Федерална полиција, но активно учествуваат повеќе од 20 специјализирани полициски и безбедносни агенции од азискиот, европскиот и американскиот континент , трае акцијата против големиот нарко картел. Во моментов тоа е најсложената анти-наркотична активност на светот, во која учествуваат оперативци од Кина, Тајланд, Јапонија, САД, Тајван, Мјанмар и Канада.

Репортерите на „Ројтерс“ дојдоа до некои документи во истрагата минатата година, вклучително и разузнавачки извештаи на американската агенција ДЕА, и заклучија дека Це Чи Лоп е производител на дрога од калибарот на најпознатите латиноамерикански нарко икони – Колумбиецот Пабло Ескобар и Мексиканецот Џоакин Гузман, познатиот Ел Чапо.

Но , за разлика од нив , тој е крајно дискретен и не се знае речиси ништо за неговиот приватен живот, недостатоците и пороците. Кусата биографија открива дека тој е роден на југот на провинцијата Гуангдонг среде турбулентната ера на Кинеската културна револуција.

Тој пристигнал во Канада во 1988 година и работел во 90-тите години како скитник меѓу Хонг Конг, кинеската провинција Макао и Северна Америка, градејќи кариера на „посредник“ на синџирот на шверц, кој дистрибуирал хероин од Азискиот златен триаголник ширум светот. Завршил на суд во Њујорк во доцните 90-ти години за трговија со дрога и му се заканувала доживотна казна затвор.

По тоа селдуваше одбрана и серија жалби со барање за милост, повикувајќи се на грижа за болните родители и болниот син, покајание и ветување дека ќе се сврти кон туристичка дејност. Служел само девет години затвор во поправен дом во Елктон, Охајо. По напуштањето на затворот во 2006 година, тој се вратил во Канада и наскоро ги обновил врските со азиските нарко картели. Од време на време, агентите знаеја да го снимат во луксузни хотели, на трки со коњи и во многу азиски казина.

Еден австралиски федерален истражител вели дека само откако Це изгуби 60 милиони евра во Макао за една ноќ, тие почнаа сериозно да се сомневаат дека може да биде токму тој шефот на нарко картелот. Но, вистинската гоемина на неговиот бизнис се почувствува во 2016 година, кога, откако уапсија еден тајвански дилер, во неговите телефони пронајдоа вистински информативен рудник, почнувајќи од снимките за тортура на нелојални членови на картелот, па сè до илјадници фотографии на луѓе во ланецот за дистрибуција, телефонски броеви и текстуални пораки.

Следејќи ги овие маркери, набрзо паднаа и рекордни заплени над еден тон метаменфин и 700 килограми кетамин. Стана јасно дека пратките се дело на само една, но огромна организација.