Home Вебкафе Австралијци го уловија најголемиот крокодил на светот (видео)

Австралијци го уловија најголемиот крокодил на светот (видео)

Десет години откако прв пат го забележале, австралиските ренџери на северот од земјата успеаја да го уловат огромниот крокодил тежок дури 600 килограми.

Крокодилот за кој се претпоставува дека е постар од 60 години , излезе на површината на водата во близина на рампата за утовар на бродови на реката Катерин. Неговата должина од 4 метри и 71 сантиметри е застрашувачка.

Досегашниот рекорд изнесуваше 4,6 метри.

Управникот на подрачјето , кое го покриват ренџерите што го фатија крокодилот , Трејси Далдиг вели дека решиле да го уловат и да го преселат на друга локација , за да се избегне неговиот контакт со луѓето.

Инаку , во тоа подрачје се уловени и преселени 187 крокодили , со препорака за сите излетници и минувачи дека може да бидат иузненадени од напад на овие рептили.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали знаевте дека старееме во три фази? Нова студија открива: сè се менува на 34, 60 и 78 години!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ВСУШНОСТ СТАРЕЕМЕ ВО ТРИ ФАЗИ? НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ВЕЛИ: КЛУЧНИТЕ ПРЕСВРТИ С…