Home Вебкафе Авиокомпанија секој месец ќе им одбива по 200 долари на плата на вработените кои не сакаат да се вакцинираат

Авиокомпанија секој месец ќе им одбива по 200 долари на плата на вработените кои не сакаат да се вакцинираат

Американската авиокомпанија „Делта ерлајнс“ ќе им одзема на вработените 200 долари секој месец доколку не се вакцинираат против вирусот Ковид-19, бидејќи, според водечките лица на компанијата, просечната цена на нивното болничко лекување чини 50.000 долари.

Извршниот директор на „Делта“, Ед Бастијан, рече дека сите вработени кои биле хоспитализирани претходните недели поради корона не биле целосно вакцинирани, објави АП.

Авиокомпанијата во средата објави дека ќе престане да плаќа продолжено здравствено осигурување за невакцинирани лица заразени со вирусот до 30 септември и ќе побара од нив да се тестираат еднаш неделно, почнувајќи од 12 септември, иако „Делта ерлајнс“ ќе го покрие трошокот за тестот.

Работниците ќе мора да носат маски во сите капацитети на компанијата во затворени простории.

Меѓутоа, „Делта ерлајнс“ не тргна по стапките на „Јунајтед ерлајнс“, која ќе бара од нејзините вработени да бидат вакцинирани до 27 септември, во спротивно ќе бидат отпуштени.

Сепак, додава „АП“, одбивањето од платата во износ од 200 американски долари, што започнува во ноември, може да има ист ефект.

„Ова одбивање ќе биде неопходно за да се решат финансиските ризици за нашата компанија на луѓе кои не сакаат да се вакцинираат“, додаде Бастијан во пораката до вработените.

Бастијан рече дека 75% од вработените биле вакцинирани, што е зголемување во споредба со јули, кога биле вакцинирани 72%.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ген Зет повеќе се плаши да побара зголемување на плата отколку да раскине врска!

Кога е полесно да кажеш „веќе не те сакам“ отколку „сакам повисока плата“! Во свет кој се …