„Slow living“ или емоционално повлекување? Нов поглед на трендот „bed rotting“
Ги знаете оние денови кога најдобриот план е воопшто да немаме план? Телефонот е ставен на тивко, омилената серија се менува со кратко прелистување на социјалните мрежи, а самата помисла да станеме од кревет делува непотребно. Интернетот ваквите моменти ги претвори во тренд наречен bed rotting – буквално, „скапување во кревет“. Иако називот звучи малку драматично, зад него стои сѐ попопуларната идеја да си дозволиме ден без продуктивност, обврски и притисок постојано нешто да правиме.