Меки, лесни и впечатливи: џемперите од мохер внесуваат елеганција во студените денови
Со својата мека, воздушеста текстура и дискретен сјај, џемперите од мохер ѝ даваат посебен печат и на наједноставната комбинација. Лесно се носат во секојдневни изданија, а со широки панталони или сатенско здолниште добиваат поелегантен изглед.