ТАЕН УДАР: САД започна сајбер напади врз Иран


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американските медиуми објавија дека САД започнале сајбер напади врз иранските воени компјутерски системи, по само неколку часа откако Иран го урна американското беспилотно летало пред два дена.

Познатите американски медиуми Вашингтон Пост и АП во своите текстови повикувајќи се на неименувани официјални претставници пишуваат дека нападите се спроведени со одобрение на американскиот претседател Доналд Трамп откако тој се откажа од плановите да се изведе конвенционален воен удар врз Иран.

Официјални претставници на одбраната на САД не ги потврдија ваквите извештаи. Информацијата за сајбер нападите доаѓа по изјавата на Трамп дека во последен миг се предомислил за конвенционален напад на воени мети во Иран затоа што, како што вели, одговорот нема да биде пропорционален и ќе доведе до голем број на ирански воени и цивилни жртви.