Home Спорт Атлетико Мадрид веќе ја пронајде замената за Годин

Атлетико Мадрид веќе ја пронајде замената за Годин

Диего Годин на крајот на сезоната ќе го напушти Атлетико Мадрид како слободен агент, а „јорганџиите“ веќе ја започнаа потрагата по негов заменик.

Најголема желба на тренерот Диего Симеоне е младиот француски репрезентативец и член на Лајпциг, Дајочанкуле Упамекано.

20-годишниот стопер игра одлично во Бундеслигата и веќе го привлече вниманието на многу европски гиганти како Барселона, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Ливерпул.

Во неговиот договор со Лајпциг има откупна клаузула од 100 милиони евра, меѓутоа Атлетико ќе се обиде да го договори трансферот за 50 милиони евра.

„Јорганџиите“ наводно веќе почнале да работат на трансферот со цел да ја победат силната конкуренција.

https://youtu.be/N38Bu90kCvc

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…