Потенцијална енергија од 880 мегатони брза кон Земјата – можен удар во 2029 година?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Руските астрономи се прилично сигурни дека големиот астероид „Апофис“, со големина од 300 метри и маса од 27 милиони тони, може да ја загрози Земјата во 2029 година.

Астероидот треба да се приближи до нашата планета во 2029 година, на оддалеченост од само 38 километри, па ако не удри во Земјата, ќе помине во нејзина близина и во 2044, 2051 и 2060 година.

Иако американските научници, за разлика од руските, тврдат дека астероидот само ќе помине многу блиску покрај Земјата, но до судир нема да дојде, опасноста од удар на 13 април не е целосно елиминирана. Досегашните мерења велат дека веројатноста за удар е во сооднос 1:45.000.

Релативно високата веројатност го задржа „Апофис“ на 1 ниво на торинската скала за опасности од удар. Прецизната траекторија од астероидот практично нема да може да биде целосно одредена сè до 2029 година, кога при блиската средба со Земјата, тој значително ќе ја промени својата патека на движење.