ВИДЕО: Атина го забранува македонското сонце и во Советот на Општина Куманово


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Не се работи за главниот град на Грција, туку за претседателката на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска. Таа реагираше на советниците од ВМРО ДПМНЕ, кои на своите лаптопи си го залепија старото македонско државно знаме, забрането според Преспанскиот договор.

Македонското сонце предизвика кавга во Советот на Општина Куманово. Претседателката Атина Мургашанска реагираше на советниците од ВМРО ДПМНЕ, кои на своите лаптопи си ставија налепници со знамето од Кутлеш кое беше државно македонско знаме од 1992 до 1995г. Според Мургашанска ставањето налепници било забрането според Преспанскиот договор.

– Овој пат ќе ве предупредам. Ако не ги отстраните денеска или во текот на паузата, ќе ги повикам службите да покренат кривични пријави“, вели претседателката на Советот, Атина Мургашанска.

Советниците од ВМРО ДПМНЕ ја прашуваа со кој закон е забрането на приватен лап топ да поставуваат налепници, бараа да им го презентира законот дури и ако треба да се преземат мерки доколку постојат во таков закон.