„АС“ откри колку точно ќе потроши Реал на засилувања ова лето!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Се уште актуелниот шампион на Европа, Реал Мадрид ова лето ќе прави голема реконструкција на тимот и планира да доведе неколку големи ѕвезди.

Мадридскиот весник „АС“ пренесува дека ова лето „кралевите“ ќе потрошат точно 540 милиони евра за селекција на нови фудбалери.

До сега Реал Мадрид официјализираше само еден трансфер, дефанзивецот на Порто Едер Милитао за кого „кралскиот“ клуб плати 50 милиони евра.

Останатите фудбалери на списокот на Флорентино Перез се Пол Погба од Манчестер Јунајтед, Еден Азар од Челзи, Кристиан Ериксен од Тотенхем, Ндомбеле од Лион и Лука Јовиќ од Ајнтрахт.

Информациите од последните неколку дена покажуваат дека Азар е готово сигурно засилување за Реал, а неговата цена ќе изнесува околу 110 милиони евра.

Потешко ќе одат преговорите со Јунајтед за Пол Погба, како и тие со Тотенхем за трансферот на Кристиан Ериксен.

Недостасуваат само детали за да се финализира трансферот на Лука Јовиќ за кого Реал ќе му плати 60 милиони евра на германскиот клуб.

Сите овие трансфери ќе се реализираат со „дозвола“ на Зинедин Зидан кој ќе има „одврзани раце“ кога се трансферите на „Сантиаго Бернабеу“ во прашање.