Home Спорт Арсенал замената за Озил ја најде на „Камп Ноу“

Арсенал замената за Озил ја најде на „Камп Ноу“

Арсенал веќе се помири со фактот дека на лето ќе остане без својата најголема ѕвезда, Месут Озил па веќе тргна во потрага по негова замена.

Англиските медиуми пренесуваат дека најголема желба е играчот на Барселона Арда Туран за кого „топџиите“ спремиле понуда од 25 милиони фунти.

Туран не добива голема минутажа во Барселона, па Каталонците се отворени да преговараат за неговото заминување, а исто така и Турчинот размислува за промена на средината.

Венгер верува дека Туран според карактеристиките ќе биде идеална замена за Месут Озил, кој на лето сигурно заминува од „Емирати“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…