Арсенал одлучи: Еден од овие двајца ќе биде следниот менаџер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од денот кога Арсен Венгер официјално објави дека заминува од Арсенал, медумите почнаа да лецитираат со многу имиња за негов можен наследник.

Во последните денови се споменуваа и имињата на помошниците на Клоп и Мурињо, Жељко Бувач и Руи Фарија, но тие информации се покажаа како неточни.

Раководството на „топџиите“ сака да донесе етаблиран и трофеен менаџер со кој веднаш ќе може да атакува на трофеи, а „Скај Спорт“ денес ги откри двата клавни претенденти за испразнетото место.

Прва желба е актуелниот тренер на Јувентус Масимилиано Алегри со кого веќе се остварени првите контакти, а второто име е Луис Енрике.

Шпанецот е слободен откако ја напушти Барселона, но за него силен интерес покажува и раководството на Челзи.

Сепак, „Скај Спорт“ е сигурен – еден од овие двајца ќе биде новиот предводник на „топџиите“.