Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Медиумите пред извесно време најавија дека Санчез и Озил одлучиле на лето да го напуштат Арсенал, а денес Венгер потврди дека клубот не може да постигне договор за продолжување на соработката во двете ѕвезди.
Актуелните договори на Санчез и Озил истекуваат во јуни 2018 година, па Арсенал доколку не успее да ја продолжи соработката со нив ќе мора да ги продаде ова лето со цел да заработи нешто од нивното заминување.
Тоа што медиумите од поодамна го најавуваат, денес и официјално го потврди и Венгер – клубот не може да постигне договор за продолжување на соработката со двете ѕвезди.
„Во моментов немаме договор. Одлучивме да се фокусираме на остатокот од сезоната, а за договорите ќе зборуваме на лето. Бидејќи кога нема да успеете да се договорите, подобро е преговорите да ги продолжите во лето кога сезоната ќе заврши“, вели Венгер.
Медиумите на Островот се сигурни дека Озил и Санчез веќе го известиле раководството дека нема да ги продолжат преговорите и ќе бидат продадени на крајот на сезоната кога ќе се отвори трансфер пазарот.