Home Актуелно Апасиев го предупреди Заев: Постои затворска казна за тој што ќе ја потчини Македонија!

Апасиев го предупреди Заев: Постои затворска казна за тој што ќе ја потчини Македонија!

Професорот на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ и член на раководството на партијата Левица го предупредува премиерот Заев дека може да се соочи зо затворска казна од 5 години ако ја доведе Македонија во позиција на потчинетост во однос на Грција.

Пред денешната средба меѓу премиерите Заев и Ципрас во Давос, Швајцарија, Апасиев цитира законска основа за кривично гонење на претседателот на владата.

-Во очи на денешната средба Заев-Ципрас во Давос, да се потсетиме на член 308 од Кривичниот законик:
„Граѓанин на РМ кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на ПОТЧИНЕТОСТ или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор најмалку пет години“ ;)”, пишува тој.

Апасиев кој во 2009-та година заедно со професорот Шкариќ и група студенти беше коавтор на книга која ги објаснува правните и политичките аспекти на спорот за името.

Апасиев со своите предупредувања алудира на можноста премиерот Заев да постигне штетен договор за името со Грција и така да создаде основа за кривично гонење.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…