Home Актуелно Ангеловска-Бежоска официјално прва жена гувернер на НБРМ

Ангеловска-Бежоска официјално прва жена гувернер на НБРМ

Со официјалното стапување на Анита Ангеловска-Бежоска на функцијата Гувернер на НБРМ, Република Македонија ја доби првата дама гувернерка која ќе треба да ја управува Централната банка.

 

Анита Ангеловска Бежоска доаѓа од редот на професионалците и раководните структури на Народната банка на Република Македонија и според Иванов е решение за гувернерската позиција, со кое би се продолжил континуитетот на позитивното работење и успешното водење на монетарната политика на Република Македонија.

Ангеловска-Бежоска има деветнаесет години работно искуство, главно во областа на монетарната политика, макроекономската политика воопшто, фискалната политика и управувањето со јавните финансии.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…