ЗНАЦИ ДЕКА НА ВРСКАТА И ДОАЃА КРАЈОТ: „Устата може да излаже, но говорот на телото…“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Не е се загубено ако забележите некои од овие знаци, но бидете претпазливи и на време променете ја насоката на вашата врска.

„Факт е дека ако и кога вашиот партнер чувствува повеќе тага од задоволство во врската, сигурно ќе побегне од вас“, тврди експертот за односи Луан Вард. Па, како да забележите дека некој размислува да замине? Говорот на телото е најголем показател. Тоа е најслниот алат со кој ќе ви биде полесно и во приватниот и професионалниот живот. „Устата може и да излаже, но мускулите на лицето и говорот на телото откриваат нешто сосема друго“.

Знакови за претпазливост

*партнерот ви го дава лицето наместо устата кога тргнете да го бакнете

*седнува на спротивната страна од креветот

*не сака да изразува нежност во јавност

*партнерот има претеран израз на лицето додека нешто му зборувате

*партнерот во креветот ви го врти својот грб

*заминува порано на спиење за да избегне интимност

*го фрустрираат ситници и ви ги префрла

*не споменува планови за во иднина

*му треба подолго време за да ви одговори на пораката, а неговите пораки се кратки

*разговорот е се поформален, нема повеќе „тепање“ и слатки надимаци

Што кога навистина е готово?

„Не е се готово кога ќе забележите некои од овие знаци, но бидете внимателни и на време променете ја насоката на врската. До прекин обично не доаѓа веднаш, туку потребни се бројни промени со текот на времето. Побарајте професионална помош ако не можете сами да се вратите на вистинскиот пат“, советува Вард.

„Ако бидете оставени, важно е отфрлањето да не го сфаќате толку лично. Почитувајте го тоа што сте се ослободиле од некој кој вас не ве сака доволно и не би останал со вас. Ако сте вие тие кои оставате, пред се бидете искрени кон себе и партнерот. Не праќајте лажни пораки и не нудете лажна надеж, бидејќи ќе останете да живеете со чувство на вина и срам на крајот. Третирајте го односот кој сте го имале со почит. Еднаш кога ќе одлучите дека тоа не е тоа, разговарајте со другата личност во лице и погледнете го во очи“, советува таа.

Исто така, Вард објаснува дека луѓето не мораат да се сеќаваат на вашите зборови, но сигурно ќе запаметат како се чувствувале поради вас. Бидете подготвени вели Вард, да ја сослушате и другата страна. Дозволете со вас ја да подели својата тага, болка и разочарување.