Анчелоти најави „бомба“: Румениге го сака Галиани во Баерн!

Адриано Галиани после 30 години во декември ќе го напушти Милан, па многу фудбалски клубови ширум Европа го сакаат „ќелавкото“ во своите редови.

Галиани важи за еден од најдобрите и најпочитуваните фудбалски работници во светот, па покрај интересот на Флорентино Перез, и минхенски Баерн сака да го има Италијанецот во своите редови.

Тоа го откри Анчелоти кој потврди дека Румениге и Галиани се големи пријатели и дека Германецот го поканил на вечера и на сериозен разговор актуелниот директор на Милан.

„Разговарав со Галиани пред неколку дена и знам дека заминува од Милан. Овде во Баерн сите го почитуваат Адриано, а посебно Румениге со кого се одлични пријатели. Ќе ви откријам дека Румениге го покани Галиани на вечера во Минхен на која ќе присуствувам и јас. Галиани е Роналдо меѓу директорите, секој клуб би сакал да го има во своите редови“, истакна Анчелоти.

Галиани во разговор за „Газета дело Спорт“ потврди дека има понуди од неколку клубови, но сеуште нема донесено одлука.

„Имам понуди од неколку клубови, но сеуште не сум донел одлука. Едно е сигурно, нема да работам во друг италијански клуб бидејќи моето срце чука само за Милан“, изјави Галиани.