Home Актуелно Американскиот секретар за одбрана Матис во официјална посета на Македонија

Американскиот секретар за одбрана Матис во официјална посета на Македонија

По пауза од 14 години, прва официјална посета на американскиот секретар за одбрана на Македонија. Актуелниот секретар Џејмс Матис на аеродромот во Скопје, каде беше пречекан од министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Ова е прва посета на американски секретар за одбрана на Македонија по 14 години. Веднаш по пристигањето министерката Шекеринска и секретарот за одбрана Матис имаа работен појадок.

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис ќе има средба во владата на Република Македонија со премиерот Зоран Заев и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по што во 11.30 ќе дадат изјави за медиумите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…