Американски полицаец со тетоважа „РОССИЯ“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фотографија направена за време на протестите против расизмот во САД кои деновиве заземаат енормни размери, стана хит на социјалните мрежи заради тетоважата која ја има истетовирано на надлактицата еден американски полицаец.

Припадникот на американските полициски служби на надлактицата има истетовирано тетоважа „РОССИЯ“, а над неа се наѕира и најверојатно називот на некој руски град кој завршува на „…овск“.

Повеќето руски учесници во преписката на Reddit сметаат дека се работи за Хабаровск.

„Џандарот има баш сериозни „ракави“. Одлична снимка“, пишува jumpinjackieflash.

„Го знам лично офицерот на фотографијата и можам да кажам дека тоа што го гледаме е вистинска слика за неговиот однос спрема луѓето. Никогаш нема да најдете поголем добар човек кој истовремено е апсолутно лошо момче (badass). Јас секогаш би му ги доверил својот живот и безбедноста на моето семејство“, пишува DavidAg02.

„Ха-ха, тогаш кажи му дека сите сега ги разгледуваат неговите тетоважи. И мал параноиден дел од нашата публика смета дека е руски шпион. Смешно! Се надевам дека грешат“, пишува Belikedis.

Извор: Русија Биојнд