Американец испил лек за маларија кој го промовираше Трамп и починал, неговата сопруга е во критична состојба


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако американскиот претседател Доналд Трамп го рекламираше лекот против маларија како можен лек против коронавирусот без лекарски рецепт, здравствената компанија „Банер хелт“ вчера ја пренесе информацијата дека пациент починал, а неговата сопруга е во критична состојба откако го испиле споменатиот лек.

Во соопштението компанијата апелираше до Американците да не земаат лекови што не им се пропишани за да се заштитат од пандемијата на коронавирус, од која заболеа илјадници луѓе низ целата земја. Хемикалијата, која е достапна во форма на таблети како лек против маларија, се користи и како хемикалија за чистење.

„Мажот почина, а неговата сопруга е на интензивна нега откако парот, обајцата на 60-тина години, проголтале хлорохин фосфат, средство што најчесто се користи во аквариуми за чистење на резервоарите за риби. Во рок од триесет минути од голтнувањето, двојката веднаш претрпела ефекти и биле примени во блиската болница на Банер хелт“, се вели во соопштението.

„На повеќето пациенти што ќе се заразат со ковид-19 ќе им треба само терапија за отстранување на симптомите и самоизолација за да се спречи ризикот да заразат други. Прво консултирајте се со вашиот матичен лекар. Секојдневната употреба на конкретни лекови, меѓу кои и лекови што се опишани како ‘анти-ковид-19’, не се препорачуваат за нехоспитализирани пациенти, вклучително и антималаричниот лек хлорокин“, се вели во соопштението.

„Со оглед на неизвесноста околу ковид-19, сфаќаме дека луѓето се обидуваат да најдат нови начини за да го спречат или да го лечат овој вирус, но самолекувањето не е начин да се прави тоа“, изјави д-р Даниел Брукс, директор на Центарот за лекови на Банер хелт. „Последното нешто што сакаме сега е да ги преплавиме нашите одделенија за интензивна нега со пациенти што веруваат дека пронашле нејасно и ризично решение што може потенцијално да го загрози нивното здравје.“

„Ги повикуваме лекарите никако да не им го пропишуваат овој лек на пациенти што не се хоспитализирани.“

„Банер хелт“ не прецизираше дали парот добил потврдена дијагноза на коронавирус пред да ја испијат супстанцијата.