Амбициозен проект: Започна чистењето на Тихиот океан од пластично ѓубре (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тимот составен од научници и инженери го започна еден од најамбициозните проекти на денешницата во кој ќе се чисти Тихиот океан од пластичен отпад, а во кој ќе биде опфатена водена површина три пати поголема од површината на Франција.

Брод, што на себе ги влече пластичните цевки исполнети со воздух и долги 600 метри, а чија цел е да го „исчистат” океанот од пластичниот отпад, отплови од Сан Франциско најпрвин на тест-возење, пред да продолжи да плови до голем куп отпад во Тихиот Океан.