Алек Болдвин ќе биде обвинет за ненамерно убиство на снимателката Хачинс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Холивудскиот актер Алек Болдвин ќе биде обвинет за ненамерно убиство на снимателката Халина Хачинс, што се случи на снимањето на вестерн филмот „Rust“ во октомври 2021. Болдвин пробувал сцена на сетот во Ново Мексико кога истрелал еден куршум од пиштол-реквизит.

Обвинета ќе биде и оружарката на филмот Хана Гутиерес Рид. Адвокатите на двајцата обвинети кажаа дека ќе се борат против обвиненијата на суд.

Обвинителката на округот Санта Фе, Мери Кармак-Алтвис, изјави дека обвиненијата ќе бидат поднесени на крајот на месецот.

„Актерот и продуцент Алек Болдвин и оружарката Хана Гутиерес Рид ќе бидат обвинети по две точки на ненамерно убиство. Убедени сме дека имаме доволно докази за тоа“, кажа Кармак-Алтвис.

Двајцата се соочуваат со 18 месеци затвор и парична казна од 5.000 долари.

Во пукањето беше ранет и режисерот Џоел Соуза, но за тоа нема да бидат покренати обвиненија. Хачинс почина во болница набргу откако беше застрелана во градите.