Home Спорт Алегри потврди: Реал Мадрид ми испрати понуда, јас реков НЕ!

Алегри потврди: Реал Мадрид ми испрати понуда, јас реков НЕ!

Актуелниот тренер на Јувентус, Масимилиано Алегри потврди дека добил понуда од Флорентино Перез да го преземе кормилото на Реал Мадрид.

После изненадното заминување на Зинедин Зидан многу тренери се поврзуваа со столчето на „кралевите“, а Алегри денес потврди дека добил понуда да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

„Разбоварав со Перез и му благодарам што ми ја понуди клупата на Реал Мадрид. Меѓутоа, јас веќе имав донесено одлука да останам во Јувентус и не беше во ред да ја променам одлуката“, изјави Алегри.

Алегри одлучи да остане во Јувентус, а Реал Мадрид вчера и официјално за нов тренер го назначи Јулен Лопетеги.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…