Вебкафе

Стигна казната за нападот на Yahoo: Британските доверители удрија во џебот на Yahoo so 250.000 фунти

Канцеларијата на британскиот доверител за информациии ги казни Yahoo со 250.000 фунти поради компромитирање на податоци кои влијаеле на повеќе од 500 милиони корисници кое се случи во 2014. година.

Инцидентот е пријвен две години подоцна.

Компанијата рекла дека зад нападот стојат хакери кои ги спонзорирала некоја држава, а кои украле лични информации на корисниците, помеѓу останатите имиња, е-мејл адреси, незаштитени сигурносни прашања и одговори.

Доверителот истакна дека Yahoo не презел одговорни мерки за да ги заштити корисниците.

Yahoo не ја коментираше одлуката на доверителот.

„Недостатоците кои ги најде нашата истрага не го откри она што го очекувавме и што ќе го прифатиме од компанијата која обработува значајни количини на лични податоци“, напиша на блогот, заменик доверителот, Џејмс Дипл-Џонсон. „Yahoo UK Services Ltd имаше шанса да спроведе одговорни мерки и можеби да спречи да бидат компромитирани податоците на граѓаните на Велика Британија“.

Се верува дека околу осум милиони загрозени налози им припаѓаат на луѓето во Велика Британија.

Истрагата на доверителите исто така откри дека компанијата Yahoo не успеала да осигура обработката на податоци да се објавува во склад со одговорните стандарди за заштита на податоци, дека не обезбедила да се надгледуваат лозинките на вработените со пристап на податоците на корисниците, и дека минало многу време пред да бидат откриени и исправени грешките кои довеле до компромитирањето на податоците.

Yahoo од 2017. година е во сопствеништво на Веризон.

Истрагата на доверителите е спроведена согласно Законот за заштита на податоци во Велика Британија од 1988. година.

Нападот на Yahoo ќе остане запаметен како еден од најлошите во историјата, како поради размерите на нападот, така и поради тоа што изминаа две години помеѓу нападот и објавувањето на информации за нападот.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top