Актерот Бен Афлек во врска со жешка Колумбијка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако во интервју призна дека жали заради разводот од Џенифер Гарнер, со која имаат три деца, во јавноста се појавија шпекулации и муабети дека актерот Бен Афлек е во врска со кубанската актерка Ана де Армас.

Папараците постојано се обидуваа да ги фатат заедно, а сега конечно пристигна потврдата за врската. Убавата актерка Ана де Армас, со која неодамна го снимаше филмот „Deep Water”, на Инстаграм ги објави нивните заеднички фотографии на кои јасно се гледа дека двојката е вљубена и со тоа се стави крај на шпекулациите.

На фотографиите, Бен и Ана позираат во прегратка, а судејќи според нејзината објава, фотографиите се направени за да го прослават роденденот на Ана.

„Ви благодарам на сите за вашите најдобри желби и љубов. Да оставиме уште една прекрасна година зад нас“, напиша таа покрај серијата фотографии, вклучувајќи две фотографии со Бен.

Првата е селфи на која тој ја држи околу половината, додека на втората тие се снимани одзади додека се гушкаат гледајќи го зајдисонцето.

Бен и Ана се запознале на сетот на трилерот „Deep Water“, кој треба да се појави подоцна оваа година, а гласините започнаа кога двајцата биле снимени заедно во нејзината родна Куба, каде што Бен го промовираше својот филм „Патот назад“, во кој тој отелотворува поранешен средношколски кошаркар кој се бори со алкохолизам.

Актерите се видени како шетаат низ Хавана, по што ручале заедно во локален ресторан и се сликале со обожавателите.

Во интервју за „Њујорк Тајмс“, Афлек неодамна зборуваше за неговите борби со депресијата и алкохолизмот и откри дека најмногу жали за неговиот развод од актерката Џенифер Гарнер, со која има три деца.