Ако Гризман заминe, Атлетико тргнува по Санчез


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесуваат англиските месиуми, Манчестер Јунајтед е заинтересиран да се засили со Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, а реализацијата на овој трансфер би ги отворил портите Чилеанецот Санчез да се пресели во Мадрид.

На Островот веќе неколку недели се шпекулира дали Арсенал на својот најдобар играч ќе му понуди нов договор, со поголема плата или тој ќе си замине во летниот преоден рок.

Неодамна менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, изјави дека Санчез го убедил дека нема да го напушти клубот, но факт е дека Санчез беше исклучително незадоволен и лут по ремито против Бронмут.

Гризман, од друга страна, потпиша нов договор со Атлетико, во кој е вметната откупна клаузула од 100 милиони евра, која Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати.