Home Шоубизнис Ако биде прогласен за виновен – Мајорга ќе го чини Роналдо 56 милиони фунти

Ако биде прогласен за виновен – Мајорга ќе го чини Роналдо 56 милиони фунти

Катрин Мајорга, која пред извесно време го обвини Роналдо за силување, бара отштета од славниот фудбалер која заедно со судските трошоци ќе го чини Португалецот 56 милиони фунти.

Делото се уште е во судска постапка и е далеку од разврска,но „Сан“ дојде до документи кои ги откриваат претензиите на Мајорга.

Според информациите бившиот модел бара 18 милиони фунти обештетување за „болки и страдања“ и уште толку за истите работи кои ќе ги преживее во иднина после дејствата од 2009 година.

Кога ќе се додадат судските такси, Роналдо ќе мора да плати 56 милиони фунти, доколку судот го прогласи за виновен.

Адвокатите на Мајорга доставиле список од 60 сведоци кои ќе сведочат во корист на моделот за случувањата од 2009 година во Лас Вегас.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…