Академијата „ЗА НЕД ДО” се подготвува за претстојните Светски купови

dav

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Академијата „ЗА НЕД ДО”, со полна пареа ги започна подготовките за претстојните Светски купови во боречки вештини.

Викендов, главниот тренер на македонскиот тим, Дијана Неделковска и основачот на академијата, и шеф на македонската делегација, Златко Неделковски го собраа натпреварувачкиот состав, при што направена е ретроспектива на изминатите четири години, со учеството на Светските купови, од кои два се одржаа во Република Грција, во Сер и Атина, а по еден во Република Хрватска, Умаг и Република Германија, Хаген.

Од Светските купови, академијата за боречки вештини, за Македонија, реализирала огромен успех со освоени над 200 медали од Светски шампионати и Светски титули, додека од учеството на меѓународни и регионални натпревари, освоени се над 150 медали.

„Резултатот од вкупно освоени над 350 медали, за период од четири години е нешто што на прв поглед е за воодушевување. И ние сме благодарни на нашиот тим, што во својата реализација, секогаш бил над 100% исполнителен, па скоро на сите натпревари, еден натпреварувач партиципирал во две или повеќе дисциплини“, изјави Дијана Неделковска, главен тренер на Македонскиот натпреварувачки тим.

Академијата “ЗА НЕД ДО” ја очекува работна есен и зима 2017-та. Како се официјални претставници за повеќе светски организации, до сега се поканети да ја претставуваат Македонија на светските првенства и купови кои ќе се одржат во Грција, Белорусија, Италија и Гермнанија. Меѓутоа, финансискиот аспект е тој што ќе одреди каде се ќе може да се бранат националните бои на Македонија.