Home Шоубизнис Ајде малку реално и во бројки: Колку (ќе) заработи Бредли Купер од „A Star Is Born“?

Ајде малку реално и во бројки: Колку (ќе) заработи Бредли Купер од „A Star Is Born“?

Славниот холивудски актер Бредли Купер, чија ионака огромна слава неколкукратно порасна после пар случувања откако го промовираше неговиот нов филм „A Star Is Born“, во кој глумеше со Лејди Гага, дебело ќе се офајди финансиски од ова филмско остварување.

Досегашната заработка на 44-годишниот Купер од филмот за кој тој го напиша сценариото, го режираше и глумеше во него, а кој имаше и 8 номинации за престижни филмски награди, засега изнесува 100 милиони долари и тоа не е конечна сума.

Заработката ќе се зголеми со приходите од прикажувањето на филмот. Филмот до сега заработил 425 милиони долари, а е снимен со буџет од 36 милиони.

Од овие пари Купер ќе добие голем дел, бидејќи освен што во него глумеше и пееше, тој и го продуцирал филмот. Купер и без овој филм важеше за еден од најплатените актери во Холивуд.

На листата на „Форбс“, во 2014 , кога за прв пат се појави меѓу најплатените , заработил 46 милиони долари, а од тогаш неговото богатство се зголемува.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…