Руската „старлета“ со топлес стриптиз бара банкарски кредит (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Очигледно „старлетите“ од сите страни на светот се подготвени да направат сè за да дојдат до онаа материјална сопственост која го дефинира нивниот јавен имиџ и впечаток. И не бираат средства за тоа, оти целите им се толку и такви – чисто материјални.

Русинката Јулија Кузмина е уште една од многуте такви „старлети“ (по наше „ништорабтнички“). Типката отишла да побара одобрување на кредит во една банка во градот Казан.

Како што рекла, имала потреба од кредит за да купи нов автомобил. Но, банкарот го одбил нејзиното барање, зашто не ги исполнувала банкарските кредитни услови.

Сепак, Јулија не запрела тука. Таа почнала заводливо да се соблекува и да танцува пред шокираниот банкар , во надеж дека ќе си ги поправи условите за добивање кредит.

Банкарот сепак не бил импресиониран . На видеото се гледа како станува , и го зема капутот , ја покрива и ја испраќа надвор.