Home Вебкафе Агресивни мајмуни до смрт каменувале старец во Индија

Агресивни мајмуни до смрт каменувале старец во Индија

72-годишниот Џарампал Синг, кој собирал дрва од земја, бил жртва на мајмунска одмазда во која тие до смрт го каменувале стариот човек.

Во тој момент група мајмуни качени на дрво почнале да фрлаат тули од блиската зграда, пренесува „Скај њуз“ повикувајќи се на „Тајмс“ од Индија.

Мажот кој бил каменуван од мајмуните починал во болница од повредите на главата и градите.

Како што јавува „Скај њуз“, жителите на Тикри во индиската сојузна држава Утар Прадеш и претходно се жалеле на агресивните мајмуни кои во тие предели се заштитен вид.

Семејството на починатиот 72 годишен маж, целиот случај го пријавило во полиција, а неговиот брат за „Тајмс оф Индија“ изјавил дека мајмуните врз Џарампал фрлиле повеќе од 20 тули.

Бидејќи тули биле фрлени од високо, ударите биле смртоносни.

„Овие битанги од мајмуни се навистина криви и мораат да платат за ова што го направија“ – изјавил братот на починатиот маж.

Сепак, во полицијата, каде што бил пријавен случајот, имаат друг проблем.

„Како да започнеме случај против мајмуните? Ќе станеме предмет на потсмев“ – изјавил полицискиот службеник.

„Скај њуз“ јавува дека нападите на мајмуните врз жителите во Индија се се почести во последно време.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…