Агентот откри: Сензацијата на Ајакс е пред трансфер во Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ајакс ја игра една од најдобрите сезони во поновата историја, па многу фудбалери на холандскиот гигант го привлекоа вниманието на европските гиганти.

Јасно е дека станува збор за многу талентирана генерација, Френки де Јонг и Матијас де Лихт се најмногу на цена, но оваа сезона фудбалска афирмација доживеа и Дони ван де Бек.

Овој поливалентен играч за врска го привлече вниманието на многу европски гиганти, а неговиот менаџер откри дека би бил среќен доколку Холанѓанецот се пресели во Наполи.

„Во овој момент Дони е концентриран само на Ајакс и на освојување на Лигата на шампиони, но јасно е дека после тоа ќе разговараме за својата иднина“, изјави агетот.

„Постојат само некоку клубови кои можат да го донесат. Нема да го потврдам интересот на Наполи, само ќе кажам дека Дони би бил среќен доколку има прилика да соработува со Анчелоти. Сметам дека Наполи е одличен чекор за напредок во кариерата“, додаде агентот на 22-годишниот играч за врска.

Потсетуваме, минатото лето Ван де Бек беше на чекор од трансфер во Милан, но трансферот пропадна во последен монент. Неговата цена на трансфер пазарот во поментов изнесува околу 50 милиони евра.