Home Актуелно Аферата со незаконските прислушувања може да ја чини Македонија од 30 милиони до 300 милиони евра

Аферата со незаконските прислушувања може да ја чини Македонија од 30 милиони до 300 милиони евра

Досега 14 лица поднеле оштетно побарување откако дознале дека службени лица во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) во МВР без судски налог ги прислушувале нивните телефонски броеви. Најголем дел од нив се новинари.

Денеска Специјалното јавно обвинителство соопшти дека во периодот од 2008 до 2015 година нелегално, без судска наредба биле прислушувани најмалку околу 5.800 лица. Тоа значи дека нивните броеви биле внесени во системите за следење на комуникациите без да има судска наредба за тоа. Ако еден човек во просек комуницира со најмалку 20 лица, тоа значи дека и нивните соговорници (120 илјади лица) исто така биле нелегално прислушувани. Тоа значи дека и тие имаат право да поднесат оштетно побарување.

За аферата Големото уво од 2000 година, тогаш новинарите го добија процесот за прислушувањето против државниот апарат. Тогаш 17 новинари ја тужеа државата и „Телеком“ и по шест години за претрпена траума од прислушувањето на нивните телефонски броеви добија отштета од државата во просек од по 4.500 евра. Потоа, новинарите го продолжија судскиот процес и во Стразбур, од каде што во 2013 година дојде пресудата за дополнително обесштетување на новинарите од по 1.800 евра.

Се разбира, и оваа афера не ја доби неопходната разврска во однос на одговорноста на политичарите и на службените лица замешани во случајот.

Ако поднесат тужби сите лица што според СЈО од 2008 до 2015 година биле прислушувани, според некоја аналогија во казнената политика на македонските судови казната што државата би требало да ја плати би изнесувала околу 30 милиони евра. Во случај пак само половина од сите директно и индиректно прислушувани лица поднесат тужба, бројката може да достигне и до неверојатни 300 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…