„А ти си госпоѓа Макрон“ – ѝ рече една 101-годишна жена на Меркел (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Минатата сабота, кога претседателот Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, во рамки на одбележувањето на 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна, ја посетија шумата Компиења, каде на 11 ноември 1918 година е потпишано примирјето, се случи интересна и комична ситуација која ја инволвираше германската гостинка.

Жената која дошла да присуствува на откривањето на спомен плочата, после церемонијата му пришла на Маркон и возбудено изјавила дека за неа е неверојатно тоа што таа како обична жена има прилика да се ракува со претседателот. Потоа се свртила кон Меркел со прашањето: „А, вие сте госпоѓа Макрон?“

Симпатичната ситуација се завршила со фотографија на жената со Макрон и германската канцеларка.