Home Вебкафе Наградената маска од Прочка 2015: Крали Марко и Црна Арапина

Наградената маска од Прочка 2015: Крали Марко и Црна Арапина

Учениците од СОУ Ѓорче Петров од Прилеп под менторство на проф. Марта Макеска ја добија наградата за најдобра современа групна маска на овогодинешниот карневал Прочка 2015г.

„Идејата е од историјата за нашиот град Прилеп ’Крали Марко и Црна Арапина’. За реализација на оваа маска беа потребни повеќе материјали (дрво, најлон, платно и др). Маската ја сочинуваат три тела коњот со Крали Марко, Црна Арапина и група војници. Учениците од струките помогнаа за изработка на оваа маска. Во неа учествуваа 60 ученици во изработка и во изведба“, ни изјави професорката Макеска.

11026477_636934056440387_1267034417_n
Маската се претстави со придружба на музика од филмот Пред дождот од Милчо Манчески (Anastasia – Nine Iron Doors). Инаку, на изложбата со маски која беше отворена на 20.02.2015г прва награда доби ученичка од медицинската струка од истото училиште, Фросина Сваќароска.

11023017_636412359825890_1754507401_n

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…