
Кристофер Брајни деновиве е во центарот на вниманието со главната улога во новиот филм на Прајм видео, „Clashing Through the Snow“.
Додека филмската приказна ја држи публиката во неизвесност дали неговиот лик и ликот на Мишел Рандолф ќе завршат заедно, во приватниот живот 28-годишниот актер веќе има долгогодишна партнерка. Тој со години е во врска со Изабел Мачадо.

Од колеги на факултет до љубовна двојка
Кристофер и Изабел студирале заедно на Универзитетот Пејс во Њујорк и двајцата дипломирале во 2020 година. Љубовната врска ја започнале во 2021 година.
„Прво бевме пријатели“, изјавил тој за „Пипл“. „Студиравме заедно и живеевме заедно. Знаевме дека можеме да успееме како двојка.“
Изабел на истиот универзитет дипломирала актерство за филм, телевизија, гласовна глума и реклами.
„Се поддржуваме во сè. Не е важно за што станува збор… Ако едниот е целосно решен за нешто, другиот стои зад него. Ако едниот од нас одлучи да направи нешто, другиот ќе го поддржи“, изјавила таа за истото списание.
Нивното познанство трае подолго од врската: Крис се појавува уште во првата објава на нејзиниот инстаграм-профил, од 2018 година.
Изабел низ годините го придружувала на бројни настани на црвениот тепих, а последен пат биле фотографирани заедно летово.

Дали Кристофер и Изабел се свршени?
Инстаграм-профилот за озборувања „Ду Моа“ претходно тврдеше дека двојката се свршила, но засега нема официјална потврда.
„Clashing Through the Snow“ веќе е достапен на Прајм видео, а обожавателите со нетрпение очекуваат и нов филм од приказната „The Summer I Turned Pretty“ на истата платформа.

Извор: Just Jared