
Серијата „Мед мен“ на Џон Хам не му ја донесе само наградата „Еми“ за улогата на Дон Дрејпер. Токму на снимањето ја запознал и својата идна сопруга, актерката Ана Осеола.
Двајцата се запознале во 2015 година, додека ја снимале последната епизода од драмската серија на Еј-ем-си. Осеола ја толкуваше Клементина, рецепционерка во центарот за одмор и духовно повлекување во кој престојува ликот на Хам.
Извор: US Weekly