
Наташа Буре сподели искрена и емотивна порака со своите следбеници за периодот по раѓањето на нејзиното прво дете.
Минатиот месец, 28-годишната ќерка на актерката Кендис Камерон Буре и нејзиниот сопруг Бредли Стивен Пери станаа родители на ќерката Вини.
Шест недели по породувањето, во средата, на 11 ноември, Наташа објави фотографии од своето секојдневие на Инстаграм и проговори за здравствените компликации со кои се соочува во овој период.

„Имам чувство дека би можела да напишам роман за изминативе шест недели по породувањето, а истовремено ми изгледа невозможно да ги најдам вистинските зборови за сè да опишам точно“, напиша Наташа. „Покрај најнежните мигови со бебето, кои се како рај на земјата, тука е и непријатната реалност на закрепнувањето. Сè е спротивно од она што го замислував за ова поглавје. Сега чувствувам толкава почит и восхит кон мајките што не можам ни да ги објаснам. Тие се суперхерои.“
„Овие шест недели постојано ме потресуваат“, продолжи таа. „Со здравствените компликации, ноќите поминати во болница без моето бебе, анксиозноста што ме парализира, хормоналните промени, физичката исцрпеност и обидите психички да се одржам поради себе и семејството — повеќето денови сè уште се сведуваат на преживување. Велат дека е потребна цела заедница за да се одгледа дете, а јас не знам што би правела без мојата… Без мојот прекрасен сопруг, кој ми е цврст потпирач, моите родители, кои оставаат сè за да ми притрчаат на помош, и пријателите, кои се молеа за мене и ме охрабруваа. Бескрајно сум им благодарна на медицинските сестри и лекарите, кои буквално ме држеа за рака и ми помагаа да ја надминам секоја пречка.“
Извор: Just Jared