Иако фармерките се неизоставен дел од гардеробата во текот на целата година, оваа есен сериозна конкуренција им прават панталоните од сомот. Овој добро познат материјал се враќа во неочекувано елегантно издание.
Наместо некогашниот старомоден изглед, во преден план се кроеви што ѝ ласкаат на фигурата, богати есенски нијанси и префинети детали. Од модели со широки ногавици до елегантни, прецизно скроени панталони, сомотот овојпат добива поинаков моден израз.
Извор: US Weekly