Џени „Џејвау“ Фарли едвај ги задржа солзите додека гледаше сцена од реалното шоу „Вистинските домаќинки од Солт Лејк Сити“, во која се расправаа Енџи Кацаневас и Мери Козби. Во четвртокот, на 5 ноември, 41-годишната ѕвезда на „Џерси Шор“ сподели снимка на Инстаграм и го осуди користењето на смртта на синот на Мери во телевизиска кавга.
Фарли го нарече тоа „е*ано дно, најнизок удар под појас“, додавајќи дека „не ѝ е гајле“ што некој би можел да мисли за нејзината реакција.
„Британи Бејтман во минатата епизода, а сега Енџи во оваа…“, рече таа револтирано.
Фарли ја спореди сцената со расправиите во „Џерси Шор“. Нагласи дека, и покрај несогласувањата, таа и останатите учесници на крајот сепак се штителе меѓусебно.
„Затоа мислам дека ‘Џерси Шор’, на крајот на краиштата, немаше гледаност како емисиите на Браво, и го разбирам тоа“, рече таа. „Драмата продава, но едно знам за мојата екипа: колку и да не ѝ се допаѓаше тоа на продукцијата, се штитевме меѓусебно. И ние имавме удари под појас, особено пред да имаме деца. Имавме ниски удари, но сега веќе двапати гледам жени како напаѓаат жена што го изгубила своето дете.“
И во описот на објавата, Фарли остана на ставот дека користењето на смртта на синот на Мери против неа ја преминува секоја граница.
Извор: US Weekly